ССМ полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати

Скопје, 11 март 2015 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија стана полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС). 

- На овој начин Сојузот на синдикатите на Македонија станува прва организација која го пробива мразот за прием на Република Македонија во европското семејство. Во однос на приемот, посебно беа потенцирани резултатите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во текот на изминатиот период во услови на тешка економска криза, наведува ССМ во денешното соопштение.

Како посебни заслуги и придобивки на ССМ во изминатиот период се истакнати донесувањето на Законот за минимална плата, враќањето на правото на регрес за годишен одмор, донесувањето на Законот за заштита од вознемирување на работно место (мобинг), измените на Законот за безбедност и здравје при работа......

Европската конфедерација на синдикати е основана 1973 година со цел да ги претставува и промовира интересите на работниците на европско ниво. Таа е составена од 88 национални синдикални федерации во 37 земји, плус 10 европски синдикални федерации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...