Грција останува без пари

Амстердам, 17 март 2015 (МИА) - Холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата, Јерун Дејселблум денеска повторно предупреди дека Грција останува без пари и дека ако сака да добие дополнителна помош ќе мора да работи на спроведување на економските реформи.

Минатата недела грчките владини претставници започнаа преговори со меѓународните кредитори во Брисел во обид да постигнат нов договор за пакетот реформи и за деблокирање на средствата од пакетот за помош, што од некои експерти и медиуми беше оценето како обид на Атина за купување време.

Сепак според, Дејселблум со овие преговори Атина не купува време, бидејќи од ден на ден се соочува со се поголем притисок.

- Количеството на пари, колку што ми е мене познато, се намалува со секој изминат ден, изјави Дејселблум.

Тој нагласи дека Атина би можела да добие итен кредит, но само во случај ако „ги направи вистинските чекори и ако има напредок во реформите што и се неопходни на земјата“.

На ваквата изјава на Дејселблум, властите во Атина само кусо одговорија дека Грција нема да дозволи да биде уценувана.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ уште пред два дена објави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас стравува оти Грција ќе остане без пари до крајот на март.

- Грците треба да бидат подготвени дека платите и пензиите може да не бидат целосно исплатени од крајот на март, наведува весникот.

Меѓутоа, Ципрас ги отфрли ваквите шпекулациите, негирајќи дека земјата се соочува со проблеми во исплатата на пензии и плати за вработените во јавниот сектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...