Ако продолжат така, со Грција е завршено

Атина, 20 март 2015 (МИА) - Полноќната бриселска средба во необичен формат покажа дека Грција се соочува во целосна изолација. Ако Ципрас за неколку дена не поднесе план за реформи и штедење, на Грција веќе никој нема да може да и помогне, коментира Кристоф Хаселбах од „Дојче Веле“.

„Ципрас не се умори. Не се умори да бара нови и нови пари, по можност, без да му се поставуваат услови. Но се почесто удира во камен. Грција веќе е заглавена до гуша. Ако не добие нови кредити, најверојатно за неколку недели ќе треба да прогласи банкрот. Притиснат до ѕидот, Ципрас успеа да извлече од претседателот на ЕУ Доналд Туск вонредна средба со Меркел, Оланд и други водечки фигури во ЕУ, на која сакаше да протурка некакво ’политичко решение’ на прашањето. За Ципрас ’политичко решение’ всушност значи: да се нарушат правилата. А правилата се добро познати, тие не се од вчера и недвосмислено бараат едно: Грција може да добие поддршка единствено ако спроведе штедење и реформи, за еден ден да застане на свои нозе“, пишува Хаселбах.

Тој потсетува дека такви беа барањата уште во првиот пакет помош за Грција во 2010 година. Пред еден месец, министрите за финансии од Еврогрупата дури и дополнително и попуштија на Атина со тоа што ја продолжија програмата за спас за четири месеци. Еврогрупата меѓутоа се уште чека од Ципрас да ги добие ветените детални предлози за опоравување на финансиите. Во прекршување на преземените обврски, Грција дури и воведува нови социјални бенефиции кои не се консултирани со европските партнери и дополнително го оптоваруваат буџетот. Паралелно со ова, министерот за финансии Варуфакис веќе се испокара со сите чија помош на Грција итно и треба, вклучувајќи ја и Европската централна банка, коментира аналитичарот.

„Под овие околности беше повеќе од јасно дека на вонредната средба на лидерите во Брисел нема да биде донесена одлука за дополнителни помош за Грција. Полноќниот состанок едноставно ги потврди досегашните решенија: Грција треба да претстави листа со предлози за реформи, и тоа ’за неколку дена’. Ципрас сепак го злоупотребува трпението на партнерите. Тој не само што постојано го одложува поднесувањето на списокот, туку и постојано се обидува да ги заобиколи правилата. На помалите држави од еврозоната како Белгија и Холандија, кои исто така даваат свои пари во пакетот помош за Грција, воопшто не им се допадна фактот што не ги поканија на полноќната средба. Бидејќи во принцип, единствениот орган кој може да носи вакви одлуки, е целата Еврогрупа“, нагласува „Дојче веле“.

Во настапите внатре во земјата грчката Влада постојано создава впечаток дека во „борбата“ против штедењето има еден единствен противник: Германија. Тоа, според Хаселбах, се разбира, не е точно. Сочувството кон Грција постепено испарува и во Финска и во Холандија, во Австрија, и насекаде во светот.

„На состанокот во Брисел веќе конечно се виде дека Грција се соочува во целосна изолација. Без да сакаат, Ципрас и неговата Влада придонесуваат за еден неочекуван успех: сите членови на монетарната унија се обединија околу принципите и правилата. До неодамна Франција, Италија и Шпанија се обидуваа заедно да се спротивстават против политиката на штедење, која ја сметаа за еднострана. Денес, никој од шефовите на влади веќе не го брани Ципрас. Сите инсистираат на почитување на правилата. Односно, изолацијата на Атина не е некаква цел сама за себе“, заклучува германскиот аналитичар.

Тој на крајот изразува надеж дека и Ципрас конечно сфатил оти со досегашната тактика нема да постигне ништо. Ако „за неколку дена“ тој не поднесе план за реформи, на Грција веќе никој не може да и помогне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...