УНХЦР против принудното задржување на мигранти во Италија и Грција

Женева, 13 јуни 2016 (МИА) - Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин изјави дека следи „загрижувачки пораст“ на задржувањето на мигранти во Грција и Италија и ги повика властите да пронајдат алтернатива за присилното задржување на деца додека се обработуваат барањата за азил, пренесе БТА. 

Од минатата година над еден милион мигранти, поголемиот дел од нив бегалци од војната во Сирија, пристигнаа во Европа преку Грција. Од почетокот на годинава пристигнаа 150.000, а 38 отсто од нив се деца, покажуваат податоците на агенцијата на ОН за бегалци.  Како Грција  така и Италија направи центри за принудно задржување. Дури и децата без придружба често се сместувани во затворски келии или во центри, обиколени со бодликава жива. Треба да се пронајде алтернатива за задржување на децата, изјави Зеид Рад ал Хусеин во обраќањето на Советот на ОН за човекови права во Женева. 

Високиот комесар на ОН за човекови права истакна дека од 160 илјади лица, кои европските земји се ангажираа да ги примат до септември 2015, досега се сместени помалку од 1.600. 

Минатата година преку Средоземното Море во Европа пристигнаа 208.150 мигранти и бегалци, а над 2.850 се загинати или исчезнати, покажуваат податоците на агенцијата на ОН за бегалци. 

Мнозинството од нив (157.119) се Сиријци, Авганистанци и Ирачани, кои пристигнале во Грција преку Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
По оперативниот зафат, лекарот доаѓа да ја посети славната пациентка, а таа веднаш го прашува:

- Докторе, што мислите како сум?
- Добро, добро, те. супер!
- А што мислите -...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил....
1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач...
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити,...