ЕП побара што поскоро почнување на Брегзитот

Брисел, 28 јуни 2016 (МИА) - Европскиот Парламент денеска ја повика Велика Британија што поскоро да го отпочне процесот за излез од Европската Унија, откако Британците на референдум со мнозинство гласови ја поддржаа оваа опција.

- Велика Британија мора да ја почитува желбата на мнозинството на граѓаните во целост и што е можно поскоро официјално да се повлече од Европската унија, пред да може да се направат какви било нови аранжмани, се наведува во декларацијата што ја усвои Европскиот парламент на вонредна седница во Брисел посветена на референдум за излез на Велика Британија од Унијата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратениците, исто така ја нагласија и итната потреба од реформи во ЕУ за да се обезбеди Унијата ги оствари очекувањата на граѓаните.

По дебатата меѓу лидерите на парламентарните политички групи, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и холандската министерка Жанин Хенис-Пласхерт, како претставник на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Европарламентот изгласа резолуција за тоа што и претстои на Унијата по референдумот во Велика Британија на 23 јуни.

Текстот на декларацијата беше одобрен со 395 гласови „за“, 200 „против“ и 71 „воздржани“.

Исто така, претставничкиот дом на ЕУ во декларација ја повикува и Владата на Велика Британија да ја почитува демократската одлука на своите граѓани преку брзо и кохерентно спроведување на постапката за излез од Унијата, односно со активирање на член 50 од Договорот за Европската унија и да се овозможи преговорите за повлекување да почнат што е можно поскоро.

- За да се спречи оштетување и несигурност за секого и да се заштити интегритетот на Унијата, премиерот на Велика Британија треба да извести за исходот од референдумот на денешниот Самит на Европскиот совет со цел што е можно побрзо да се покрене постапка за преговори за повлекување на Обединетото Кралсртво од Унијата, повикаа членовите на Европарламентот.

Европратениците, во однос на какви било идни односи во рамките на договорите на ЕУ и Велика Британија, бараат да мора да бидат целосно вклучени во сите фази на различните процедури.

Исто така, Европскиот парламент денеска го повика Советот да го промени редоследот на своите претседателства за да се спречи процесот на изтапување на Велика Британија да го загрози управување со Унијата.

Велика Британија треба да ја преземе претседателската функција со ЕУ во втората половина на 2017 година.

Европарламентот денеска порача и дека ќе ја промени внатрешната организација за да ја одрази волјата на граѓаните на Велика Британија за повлекување од ЕУ. Тие исто така побараа реформа во Унијата за „подобро и демократско“ владеење и Унијата да мора „да испорача она што го очекуваат граѓаните“.

- Додека некои земји членки можат да изберат да се интегрираат повеќе бавно или во помала мера, јадрото на ЕУ мора да се зајакне и треба да се избегнуваат „a la carte“ решенија, се вели во текстот на денешната декларација на Европскиот парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...