Церар: Словенија ќе ја почитува арбитражната пресуда за спорот со Хрватска

Љубљана, 27 јуни 2017 (МИА) - Словенија ќе ја почитува пресудата на Арбитражниот суд за нејзиниот граничен спор со Словенија, изјави словенечкиот премиер Миро Церар, отфрлајќи ја притоа можноста за нови преговори со Загреб околу ова прашање.

Во изјава за љубљанскиот весник „Дело“, Церар нагласи дека по арбитражната пресуда, кој се очекува да биде објавена во четврток, Словенија ќе преговара со Хравтска само за начините за спроведување на судската одлука, но не и за границата.

За разлика од Љубљана, властите во Загреб досега во неколку наврати најавија дека одлката на Арбитражниот суд нема да има никакво значење за Хрватска.

Хрватска ја напушти арбитражата со еднострана ослука на Хрватскиот сабор во 2015 година и оттогаш се залага за изнаоѓање нов формат на преговори со Словенија за надминување на граничниот спор.

Спорот меѓу Словенија и Хрватска датира уште од 1991 година и се однесува на суверенитетот на речиси ненаселена територија од 13 километри квадратни и за граничната линија во водите на Пиранскиот Залив, од што зависи дали Љубљана ќе има излез на отворено море.

Поради спорот Словенија ги блокираше преговорите за членство на Хрватска во ЕУ речиси 10 месеци, по што Загреб се согласи на судска арбитража.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...