Унгарскиот Парламент и забрани пристап на снимателката позната по сопнување на мигранти

Унгарскиот Парламент и забрани пристап на снимателката, која стана позната по сопнувањето мигранти на границата со Србија, откако за време на интервју навреди пратеник.



Шефот на службата за медиуми на Парламентот Золтан Силаѓи вчера соопшти дека забраната за пристап на Петра Ласло ќе биде во сила до крајот на есенската парламентарна сесија, што завршува кон средина на декември.

Таа работи за провладин интернет сајт, а на снимка од понеделникот се кара со пратеник на екстремно десничарската партија Јобик.
Силаѓи рече дека не сака да разговара со новинари од сајтот пестисрацок.ху (pestisracok.hu), затоа што ги смета за владини „пропагандисти“.

Ласло во јануари беше осудена на условна казна од три години поради  недолично однесување, откако во 2015 година беше снимена како шутира и сопнува мигранти на границата со Србија. За време на инцидентот, снимателката работеше за телевизија блиска до Јобик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...