Ердоган: Цел Запад застана на страната на терористите

Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган денеска ги обвини западните земји дека „застанале на страната на терористите“ наспроти Турција, која ја критикуваат за воената операција на Анкара против сириската курдска милиција Сили за заштита на народот (ЈПГ).



– Целиот Запад застана на страната на терористите и нè нападнаа сите заедно. Вклучително и земјите од НАТО и од ЕУ. Сите!, потенцираше Ердоган во обраќање во Истанбул.

Турција, на 9 октомври почна офанзива против курдските милиции во Сирија, наречена „Извор на мирот“. Воената интервенција наиде на голема меѓународна осуда, посебно што ЈПГ беа сојузници на САД во борбата против терористичката исламска држава.

– Сметав дека сте против тероризмот. Кога почнавте да работите заедно со терористи, праша денеска турскиот претседател. Силите за заштита на народот да не станале член на НАТО, а јас да не сум предупреден за тоа, праша иронично Ердоган.

Анкара постојано објаснува дека офанзивата во Сирија е со цел да се создаде безбедносна зона, со која ќе се оддели турската граница од териториите контролирани од курдските борци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...