Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца

Семејствата во земјите од Европската унија повеќе претпочитаат да имаат домашни миленици отколку деца. Во 2024 година, според податоците на Евростат, во ЕУ имало речиси 202 милиони семејства, а само 47,6 милиони (23,6%) од нив имаат деца, додека 76,4% се бездетни. Домашни миленици, пак, имаат околу 91 милион европски домаќинства (46%).



Највисок удел на семејства со деца има во Словачка (35,6%), Ирска (31,0%) и Кипар (28,6%). Спротивно на тоа, најниски удели се регистрирани во Финска (18,0%), Литванија (19,6%) и Германија (20,1%). Од семејствата со деца, речиси половината (49,8%) имаат едно дете, 37,6% две, а 12,6% имаат три или повеќе деца.

Домаќинствата со едно дете се доминантни во сите земји од ЕУ, освен во Холандија, каде што уделот на домаќинствата со две деца е поголем. Семејства со три или повеќе деца се најбројни во Ирска 20,6%, 18,1% во Шведска и 17,4% во Финска.

Речиси половина од семејствата во ЕУ чуваат домашни миленици. Вкупниот број на домашни миленици е околу 340 милиони, од кои 127 милиони мачки, 104 милиони кучиња, 53 милиони птици, 29 милиони мали цицачи, 22 милиони аквариумски риби и 11 милиони терариуми.

Според Федерацијата на европската индустријата за храна за домашни миленици (FEDIAF), европејците само за исхрана на своите миленичиња, годишно трошат околу 30 милијарди евра, а уште 24,5 милијарди за други поврзани производи и услуги.

Во Македонија, пак, според последниот попис има 538.348 семејства, а од нив околу половината имаат најмалку едно дете.

Што се однесува до домашните миленици, точна статистика нема. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во 2023 имало 84.949 регистрирани миленици, но се проценува дека нивниот број е поголем и достигнува над 200 илјади.

Во 2024, пазарот на храна за миленици земјава надминал 32 милиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...