Голем број германски компании планираат зголемување на цените

Голем број компании во Германија, поголеми од кога било досега, планираат да ги зголемат цените во следните три месеци, покажуваат резултатите од истражувањето на минхенскиот институт ИФО.



Индексот на очекуваните цени, пресметан од ИФО, во ноември се искачи на 45 поени од октомвриското ниво од 41 поен, што е негово највисоко ниво од почетокот на ова истражување.

– Тоа, секако, ќе влијае на потрошувачките цени. Во последниот квартал до крајот на оваа година, инфлацијата најверојатно ќе се искачи на нешто под пет отсто, а следната година ќе започне со стапка многу над три отсто. Во просек, сега проценуваме дека вкупната инфлација ќе биде три проценти оваа година и меѓу 2,5 и три проценти во 2022 година, нагласува Тимо Волмершаузер, шеф на одделот за анализи во ИФО.

Рекордна вредност на индексот е присутна во сите економски сектори.

Во трговијата, индексот на ценовни очекувања изнесува 65 поени, во производството 56, а во градежништвото 44 поени. Најниска вредност, од 32 поени, е измерена кај давателите на услуги, но и таа е на рекордно ниво за тој сектор од економијата.

Како причина за поскапувањето компаниите го наведуваат големото поскапување на интермедијалните производи и суровините, кои производителите и трговците имаат намера да ги пренесат на своите потрошувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...