Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19

Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со АстраЗенека, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање.

Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен, јави Би-би-си.

Таа повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога на нејзиниот партнер му се влошила здравствената состојба поради „мачни“ главоболки. Шест дена подоцна, тој починал во болница во Њукасл.

Во неговата посмртница е наведено дека пациентот „починал по компликации од вакцина“.

Спит, која има 38 години, тврди дека влегла во долгови откако ја снемало заработката на нејзиниот партнер. Според неа, таа требало да добие околу 180.000 фунти или близу 210.000 евра.

Како што таа посочува, Зајон бил здрав, во добра физичка форма и би имал шанси да преживее, доколку лекувањето започнело порано. Таа нагласи дека по неговата смрт, црниот дроб и бубрезите на Зајон се донирани и со тоа се спасени животите на три лица.

Џејмс Бел, партнер во специјализирана адвокатска канцеларија за спорови настанати поради медицинска негрижа, исто така смета дека британскиот систем за компензација не е доволно усогласен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...