Кибер напад врз Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор.



Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи.

Сепак, како што се наведува, Судот не сакал да го потврди тоа, а портпаролот рекол дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, како и дали зад нападот стои странска влада.

МКС рече дека презема итни мерки за да ги минимизира последиците од кибер нападот и дека цени оти Холандија помага во тоа. Оттаму додадоа дека работат на подобрување на својата кибер безбедност. МКС не даде дополнителни детали за степенот на нападот или за каков тип на кибер напад станува збор.

МКС е основан во 2002 година од страна на десетици држави. Истражува геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и има овластување да ги гони осомничените преку државните линии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...