Ватикан потврди дека изборот на нов папа ќе почне на 7 мај

Конклавата за избор на новиот поглавар на Католичката црква со 1,4 милијарди членови ќе почне на 7 мај, потврди денеска портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.



Кардиналите кои ќе учествуваат на конклавата го договорија датумот на затворена средба во Ватикан, точно една недела откако папата Франциск почина на Велигденскиот понеделник.

Највисоките црковни службеници ќе се повлечат во Систинската капела, каде што нема да им биде дозволен контакт со надворешниот свет.

Двoтретинско мнозинство од 135 кардинали, за кои се очекува да учествуваат, е потребно за да се избере наследникот на Франциск во постапка која може да трае со денови или дури недели. Најдолгата конклава во поново време беше во 1831 година кога Григориј XVI беше избран по повеќе од 50 дена. Најдолгата во 20-тиот век траеше само пет дена и 14 круга гласање, кога беше избран Пиј XI во 1922 година.

Претходните две конклави, одржани во 2005 и 2013 година, траеја само два дена. Бенедикт XVI беше избран во четвртиот, а Франциск во петтиот круг на гласање. Во тајното гласање можат да учествуваат кардинали помлади од 80 години.

По успешното двотретинско гласање, кардиналите го прашуваат новиот папа дали ја прифаќа должноста и кое име сака да го земе.

Светот дознава дека е избран папа кога службеник со посебни хемикалии ги пали гласачките ливчиња и бел чад излегува од оџакот на капелата. Други хемикалии се користат за да се создаде црн чад кој значи дека нема исход на гласањето.

На крајот, високопозициониран кардинал излегува на централниот балкон на базиликата Свети Петар за да објави „Habemus Papam“ (Имаме папа).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...