Во Полска нов закон за откривање поранешните доушници на тајните комунистички служби

Варшава, 15 март (МИА) - Во Полска денеска влегува во сила закон со кој се бара од 700.000 полски универзитетски проферсори, новинари, нотари и адвокати, дипломати, директори на приватни и државни образовни установи и директори на државни фирми, родени пред 1 август 1972 година да објават дали биле соработници на полските тајни служби.

Законот предвидува овие луѓе да пополнат декларација и да ја поднесат во полскиот Институт за национално сеќавање. Таму информацијата ќе биде поврзана со архивите на поранешното полско внатрешно разузнавање и на други тајни комунистички служби. Потоа изјавите ќе бидат објавени на Интернет.

Лицата кои ќе дадат неточни изјави нема да можат да работат во својата професија во следните 10 години. Се предвидува оние кои ќе признаат дека биле соработници на полските тајни служби, нема да бидат санкционирани.

Новиот закон ќе го замени досегашниот, кој беше во сила од 1997 година, а со кој се опфаќаа околу 28.000 политичари и судии. Со новиот закон ќе се опфатат вкупно 53 професии.

Јавноста во Полска е поделена околу законот и кај многумина наиде на критика. Полските новинари повикаа на бојкот на овој нормативен акт. Оние што се против сметаат дека можат да настрадаат и невини луѓе. Причина за тоа се досиејата на поранешните тајни служби, врз основа на кои полските судови издаваат пресуди и кои понекогаш содржат нецелосни или двосмислени информации, а некогаш дури и биле исфабрикувани од комунистичките тајни агенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...