Форин офисот демантира дека министерот Милибанд нуди помош за загрозените од кризата

Лондон, 7 април (МИА) - Британскиот Форин Офис денеска демантираше дека шефот на дипломатијата Дејвид Милибанд преку електронска пошта нудел парична помош за секој што ќе се пријави како жртва на актуелната рецесија во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека станува збор за лажна и фалсификувана пошта и дека Форин офисот и министерот немаат со тоа никаква врска.

Министерството јавно ги предупреди луѓето да не ги даваат своите лични податоци што во електронската порака се бараат, затоа што тие не одат на адресата на министерот Милибанд.

Вешти хакери, за кои не се знае дали делуваат од Велика Британија или од странство, испраќаат електронски пораки преку интеренет како да се од Дејвид Милибанд во кои нудат парична помос од, наводниот посебно формиран фонд за помош на луѓето погодени со кризата.

Во февруари оваа година, слична лажна електронска порака беше испратена и во името на британскиот министер за правда Џек Стро. Подоцна се утврди дека таа е дело на нигериски измамници кои дејствуваат преку интернет.

Пораката што беше емитувана, тврдеше дека Џек Стро го загубил своето портмоне, со три илјади долари, додека бил вклучен во некаква хуманитарна операција за помош на луѓето во Нигерија. Во електронската порака, што беше испратена на стотина адреси со кои Стро комуницира на овој нацин, стоеше дека министерот бара пари за да се врати дома во Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...