Јас сум најдобриот премиер во историјата на Италија

Рим, 10 септември (МИА) - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека е најдобриот лидер во историјата на Италија и оти  во ниту еден момент не помислил да поднесе оставка поради скандалите, поврзани со неговиот личен живот.

Седумдесет и две годишниот медиумски магнат упати критики кон шпанскиот весник „Паис“, поради критичните написи упатени на негова адреса, демантира дека плаќал за сексуални услуги и додаде дека проститутката Патриција Д’Адарио, која објави аудиозапис на кој разговара со него, може да добие до 18 години затвор.

- Искрено верувам дека сум најдобриот премиер, кој Италија го имала во 150 годишната историја (од обединувањето во 1861 година), изјави Берлускони на заедничката прес-конференција со шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Сапатеро на островот Сардинија.

Одговарајќи на новинарско прашање Берлускони го отфрли како клевета тврдењата дека користел услуги на проститутки и се прогласи себе си за жртва на Патриција, која објави аудиоснимка со него, за која тврди дека ја снимила во текот на една ноќ, која ја минала со италијанскиот премиер.

Берлускони, чија сопруга се разведе од него поради неговите неверства, никогаш не демантираше дека имал сексуални односи со Патриција, но тврди дека не и плаќал за услугите и оти не знаел дека е проститутка.

- Никогаш во животот, ниту еднаш не ми се случило да плаќам за секс. И ќе ви кажам зошто. За човек кој сака да владее, најголемо задоволство е освојувањето. Сакам да ве прашам, каде е задоволството, кога ќе платите?, нагласи Берлускони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...