Саркози бара воведување на показателот среќа во мерењето на економскиот раст

Париз, 15 септември (МИА) - Францускиот претседател Никола Саркози се заложи за измени во начинот на мерење на економскиот раст, кои подразбираат воведување на показателот среќа во мерењето.

Претседателот на Франција, земја позната по добрите вина и сирењето, како и долгите годишни одмори, побара од двајца добитници на Нобеловата награда за економија да испитаат нови начини за мерење на економскиот напредок.

Саркози задачата им ја довери на американскиот економист Џозеф Стиглиц и на индискиот економист Армати Сена, препорачувајќи им да го свртат вниманието од Бруто домашниот произод, со кој се мери економското производство, кон благосостојбата и одржливоста.

Претседателот на Франција изјави дека финансиската и економската криза укажале на потребата од промени во традиционалниот начин на мерење на растот, како и дека Франција ќе го прилагоди тоа кон својата статистика.

Во извештајот на економистите, се препорачува следење на приходите на домаќинството, потрошувачката и богатството, наместо производството, со цел да се добие подобра слика за материјалната страна на животниот стандард.

Повеќе внимамие, советуваат економистите, треба да се се посвети и на дистрибуцијата на приходите и богатствата, како и пристапот кон образованието и здравството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...