Германскиот Федерален парламент избира нов шеф на државата

Берлин, 30 јуни 2010 (МИА) - Федералниот парламент на Германија денеска треба да го избере новиот германски претседател кој ќе го наследи Хорст Келер, кој минатиот месец поднесе оставка на претседателската функција откако беше изложен на критики по неговата јавно искажана оценка за германската улога во Авганистан.

Во трката за нов шеф на државата се кандидатот на владејачката коалиција на демохристијаните и либералите, 51-годишниот претседател на Владата на покраината Долна Саксонија и потпретседател на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Ангела Меркел, Кристијан Вулф, 70-годишниот кандидат на опозициските социјалдемократи и зелени, источногерманскиот пастор и дисидент Јоаким Гаук и фаворитката на партијата Левица, Лукреција Јохумсен.

Имајќи предвид дека коалицијата на демохристијаните и либералите има мнозинство во Федералниот парламент, се очекува Вулф, кој важи за политичар со умерени ставови, да биде избран за десетиот повоен претседател на Германија.

Меѓутоа, според анкетите на јавното мислење пасторот Гаук, кој стекна слава како борец за човекови права во некогашната Источна Германија и е ополномоштен претставник на германската Влада за документација на злосторствата на истоногерманската тајна полиција Штази, ужува многу поголема популарност од Вулф, кого мнозинството Германци го гледаат како „партискиот човек“.

Неколкумина членови на Федералниот парламент од редовите на ЦДУ и либералната Слободна демократска партија (ФДП) најавија дека повеќе го преферираат Гаук за иден претседател од Вулф, но лидерот на либералите о шеф на германската дипломатија Гидо Вестервеле изјави дека владејачката коалиција е единствена во поддршката на нивниот кандидат.

Германските медиуми оценуваат дека ако за претседател сепак биде избран Гаук, тоа ќе биде показател дека канцеларот Меркел ја губи контролата врз коалицијата и ќе претставува тежок удар за нејзината Влада.

Функцијата германски претседател има повеќе протоколарен карактер, иако тој формално стои на чело на државата, ја претставува земјата дома и во странство, го предлага канцеларот, именува и разрешува носители на државни функции, потпишува закони како последна инстанца, но ја нема врховната команда врз вооружените сили на Германија. Тој првенствено има задача на „политички арбитер“, кој не се исцрпува во дневно-политичките теми и делува непартиски, па затоа неговиот збор има тежина на национално ниво.

Сојузниот претседател, според Уставот, мора да биде Германец со право на глас и да е постар од 40 години. Една личност има право на најмногу два петгодишни мандати.

Германскиот претседател го избира Федералниот парламент, кој е посебен орган од Федералното собрание и се состанува само за изборот на шеф на државата. Федералниот парламент е составен од пратениците на долниот собраниски дом, Бундестагот и од ист број претставници на 16-те германски покраини. Во овој состав на Бундестагот има 622 пратеници, па Федералниот парламент кој денеска ќе го избира претседателот има 1.244 члена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...