Во третиот круг избран новиот претседател на Германија

Берлин, 30 јуни 2010 (МИА) - Кристијан Вулф, кандидатот на владејачката коалиција на канцеларот Ангела Меркел, е избран вечерва во третиот круг од гласањето за нов претседател на Германија.

Наследникот на Хорст Келер, кој поднесе оставка од функцијата на 31 мај, во вториот круг од гласањето не успеа да го обезбеди потребното мнозинство од 623 гласови од вкупно 1.244 пратеници во германското Федерално собрание. Тој во вториот круг гласање доби 615 гласа односно 15 повеќе од првиот круг што се одржа денеска.

Фактот дека кандидатурата на Вулф не помина уште по првото гласање, во Германија беше оценет како тежок удар врз кабинетот на Меркел.

Во третиот круг за Вулф гласаа 625 претставници на германското Федерално собрание, уставен орган кој специјално се свикува за избор на шеф на државата.

Согласно германските закони, откако и во вториот круг никој од кандидатите не го обезбеди потребното мнозинство од 623 гласа, се гласа третпат, а се избира кандидатот кој освоил најмногу гласови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...