Германија доби досега најмлад претседател

Најмладиот претседател во историјата на Германија Кристијан Вулф сака во претседателскиот кабинет да најде место и за својот двегодишен син

Германија го доби десеттиот послевоен претседател и прв во историјата на државата со кој во резиденцијалниот претседателски дворец „Белви“, покрај големите планови за напредок на земјата и нацијата, ќе се „всели“ и детскиот џагор, плачење, палавштини, топки и лулашки.

- Јас своите деца со задоволство ги имам покрај себе... детскиот џагор е музика на иднината и таму каде што луѓето работат мора да има место и за децата, вака за иднината размислува Кристијан Вулф (51), најмлад претседател во историјата на Германија, кој е оженет со Бетина (36), исто така, најмлада прва дама на Германија.

Кога станува збор за приватниот живот на новоизбраниот германски претседател, тој во својот претседателски кабинет сака да пронајде место и за својот двегодишен син Линус, кој и порано често бил гостин во работната соба на татко му во Хановер.

Тоа во никој случај не значи дека новиот германски претседател сака „детска градинка“ во резиденцијата „Белви“, напротив, неговите планови се тоа да биде „фабрика за мислење“.

Научници и политичари, уметници и мудри глави треба да помогнат во понатамошното создавање на модерна земја со цврста иднина, смета Вулф. „Помислете на Фридрих Велики и неговиот советник Волтер...“, рече Вулф, неколку дена пред својот избор.

Приватниот живот на новиот германски претседател, правник по струка, демохристијанин по политичко определување и католик по религиозно уверување, вреден е за внимание - за Вулф, со целосно почитување се зборува дека уште како тинејџер се грижел за болната мајка и помладата сестра Наташа.  

Вулфови важат за типично модерно семејство. Неговата сопруга Бетина, убава русокоса со тетоважа на рамото, ПР- менаџер по струка која работи половина работно време во синџирот дрогерии „Росман“, има од претходната врска син, тој ќерка Аналена и заедно двегодишен син.

Новиот германски претседател и неговата сопруга, кои се запознале пред неколку години на едно патување во Јужна Африка во време кога таа била портпарол на „Континентал“, а потоа во 2008 година и се венчале, имаат деца во градинка, основно училиште и во гимназија и во куќата на семејството Вулф е познато дека е тешко да се поврзе семејството и работата.

Вулф својот приватен живот го смета за предност и мисли дека не е лошо ако претседателот на државата доаѓа од „центарот на животот“.

Брачната двојка Вулф, со атрактивен изглед, сакаат и понатаму да посетуваат рок концерти, а новиот германски претседател на својата сопруга веќе и обезбеди билети за концертот на групата  U2, кој ќе се одржи во август.

Освен музиката, тука е и „најважната споредна работа на светот“ - фудбалот и новоизбраниот претседател на 83-милионската нација, ако германската репрезентација на Светското фудбалско првенство се пласира во финале - најверојатно заедно со канцеларката Ангела Меркел тој ден во Јужна Африка ќе ги бодрат „црно-црвено-жолта“ репрезентација.

Танјуг - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...