Можно е ново Локерби

Лондон, 26 март 2011 (МИА) - Велика Британија има интерес да се тргне од власт либискиот лидер полковник Моамер Гадафи и да бара одмазда, изјави денеска британскиот министер за правда Кенет Кларк.

Според министерот, како што јави дописникот на МИА од Лондон, соборувањето на патничкиот авион над шкотското место Локерби ги потсетува Британците на тоа каков беше и како се однесуваше либискиот лидер. Кларк смета дека Британците затоа и ја поддржуваат воената интервенција на Велика Британија и на другите земји-членки на меѓународната коалиција, но овој член на британската Влада е првиот што признава дека „не е целосно убеден дека некој воопшто знае во која насока се движат работите“.

Во Велика Британија, полковникот Гадафи сега се обвинува дека тој лично му наредил на либискиот разузнавач Абдел Басет ал-Меграхи да постави бомба меѓу багажот во американскиот патнички авион во декември 1988 година. Во експлозијата што се случи над Локерби загинаа 270 луѓе, патници и екипажот во авионот на компанијата „Пан Америкен“, како и жители на Локерби врз чии куќи се урнаа остатоците од соборениот авион.

Дури во 2001 година Ал Меграхи беше прогласен за единствен виновен и осуден на доживотен затвор, откако Гадафи претходно се спогоди со американската администрација на претседателот Бил Клинтон. Иако технички Либија не призна ниту тогаш, ниту сега, дека е виновна за терористичкиот напад, либискиот лидер се согласи да исплати 2,7 милијарди долари отштета за сите 270 жртви, плаќајќи по 10 милиони за секој од загинатите, за да може Либија да се врати во меѓународната заедница.

Седма ноќ по ред меѓународните сили бомбардираат цели во Либија, настојувајќи да и помогнат на либиската опозиција да го собори режимот на Гадафи. Британскиот премиер Дејвид Камерон неколкупати досега изјави дека целта на мисијата „не е смена на режимот“ во земјата, туку „заштита на цивилите“ од нападите на либиската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...