Папандреу е „луд“ и “депресивен“

Париз, 9 ноември 2011 (МИА) - Францускиот претседател Никола Саркози го нарекол грчкиот премиер Јоргос Папандреу „луд“ и „депресивен“ во приватен разговор со американскиот претседател Барак Обама за време на средбата на Г-20 на 3 ноември во Кан, објави Паризиен.

На истата средба Саркози го нарекол израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како „лажго“, наведува весникот.

Разговорот требало да биде таен, но бил слушнат од новинари во слушалките, додека микрофоните на двајцата останале вклучени по грешка. Саркози и Обама биле согласни дека референдумот за планот за европска помош би бил огромна грешка.

- Тој луд Папандреу ни објавува референдум. Тоа е затоа што е депресивен. Нема смисла човек да му се лути. Завршено е со него. Нокаут, рекол Саркози. 

Претходно Нетанјаху го оквалификувал како „лажго“.

- Не можам да го гледам повеќе, тој е лажго, рекол Саркози.

- На тебе ти е преку глава од него, а јас треба да зборувам со него секој ден, возвратил Обама. 

Разговорот меѓу Обама и Саркози требало да биде зад затворени врати, но организаторите ги вклучиле порано микрофоните заради преводи и дел од новинарите успеале да го слушнат крајот од нивниот разговор, наведува Паризиен. Од Кабинетот на Саркози не го коментираа случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...