Нетанјаху е лажго

Тел Авив, 8 ноември 2011 (МИА) - Францускиот претседател Никола Саркози наводно на американскиот колега Барак Обама му кажал дека не го поднесува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и за него мисли дека е лажго.

Овој приватен разговор го слушнале и новинарите, кога микрофоните случајно останале вклучени, по прес конференцијата на самитот Г20, одржана пред пет дена, пренесуваат израелските медиуми од францускиот сајт Аре сур имаж (Аrret sur images).

По прес конференцијата двајцата лидери заминале во една соба за да го продолжат приватниот разговор, што наводно почнал со критиката на Обама на сметка на Саркози затоа што не го предупредил дека Франција ќе гласа за палестинското членство во УНЕСКО, и покрај острото спротивставување на САД, пренесуваат израелските медиуми.

Двајцата потоа се осврнале и на Нетанјаху, а Саркози изјавил:„ Не можам да го поднесам. Мислам дека е лажго“.

Според новинарските извештаи Обама притоа кажал: „Вам од него ви е преку глава, ама јас морам со него да се занимавам секој ден“.

Овие оценки не биле наменети за јавноста, но микрофоните случајно останале вклучени, па приватните коментари на лидерите станаа јавни. Тоа останало незабележено неколку минути во текот на кои Обама и Саркози преминале со разговорот на други теми, додека новинарите се уште ги имале слушалките наменети за симултан превод од прес конференцијата.

-Додека службите тоа го сфатија минаа три минути, изјави еден од новинарите.

Израелските медиуми, исто така, пренесуваат дека присутните новинари биле замолени да не информираат заради специфичноста на содржината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...