СБ: Грузија е модел на земја за борба против корупцијатаВашингтон, 1 февруари 2012 (МИА) - Светската банка ги пофали антикорупциските реформи во Грузија, ги оцени како оригинални и предложи тие да послужат како модел за другите држави.
Банката во вчерашниот извештај нагласи дека Владата на претседателот Михаил Саакашвили успеала да ја стави под контрола корупцијата, која претходно „ги зафатила сите аспекти на живеењето во Грузија“.
- Грузија го урива митот дека корупцијата е дел од културата на народите и им дава надеж на реформаторите насекаде во светот, се вели во извештајот.
|