Се уште не е познат идентитетот на загинати патниците во белгискиот автобус

Брисел, 14 март 2012 (МИА) - Меѓу патниците во белгискиот автобус, што синоќа се судри во тунел во Швајцарија, имало и неколку деца од Холандија, соопшти медиумската група Ер Те Ел.

До моментов не е сеосема познат идентитетот на 28-те загинати лица, меѓу кои 22 се деца, како и на 24-те настрадани деца.

Утвредено е дека сите патници во автобусот биле со сигурносни колани.

Телевизиските кадри го прикажаа автобусот, кому му недостига предниот дел по челниот удар во бетонскиот ѕид од тунелот Сиер.

Страниците на автобусот се заплискани со крв.

Некои од родителите за трагедијата, што се случи синоќа околу 21.15 часот, слушнале на вестите емитувани утринава. Некои од преживеаните деца им се јавиле на своите семејства, се посочува во информациите.

Белгиските военовоздушни сили обезбедија авиони за семејствата и психолози, кои допрва треба да полетаат од Брисел кон реонот на несреќата.



Некои од родителите се уште не знаат дали децата им се преживеани.

Фирмата „Топ турс“, чија сопственост е автобусот, има добра репутација, соопштуваат белгиските медиуми. Компанијата располгаа со вкупно 14 автобуси, што работат на маршрути до зимските одморалишта во Швајцарија, Австрија, Италија и Франција. Во вчерашната екскурзија биле искористени три автобуса.

Засега од фирмата одбиваат да дадат коментар.

Како што соопштува БТА, групата деца патувала кон Белгија на враќање од зимскиот одмор во скијачкото одморачиште во Вале.

Министерот за внатрешни работи на Белгија Жоел Милке прециизра дека во несреќата не учествувале други превозни средства, како и дека нема траги од кочење на патот крај автобусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...