Во Чешка 1 Мај прославен со протести

Прага, 1 мај 2012 (МИА) - Низ улиците на Прага денеска по повод 1 Mај, Меѓународниот ден на трудот,  се одржуваат демонстрации и походи на приврзаниците на радикалните левичарски и ултрадесничарски движења, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Во центарот на чешката метропола полицијата со кордони ги одвои неколку стотиците приврзаници-анархисти и десничарски радикали кои на себе фрлаа пластични шишиња и други предмети.

Анархистите, кои носеа црвено-црни знамиња, пиратски симболи и извикуваат пароли против капитализмот, претходно се потсетија на штрајкот на неколку илјади работници во Чикаго во мај 1886 година и жртвите во немирите.

Тие сметаат дека Денот на трудот е нивни празник, кој социјалистите и комунистите неосновано им го присвојуваат

Чешката крајна десница, олицетворена во Работничката партија за социјална правда (ДССС), одржа протести против Владата под мотото „За социјална сигурност - против реформите“. Нивните приврзаници се познати по своите националистички и ксенофобични изјави. 

Собир денеска одржа и најголемата партија на левиот блок, опозициската Чешка социјалдемократска партија ЧССД и симпатизерите и членовите на Комунистичката партија на Чешка и Моравија (КСЧМ).

Наспроти политичките акции, како и секоја година на ридот Петрин во Прага, неколку стотици млади луѓе се собраа да го прослават денешниот ден како „Ден на љубовта“ бакнувајќи се под крошните на расцветаните цреши, верувајќи дека љубовта ќе им трае цела година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1542.- Папата Павле Втори донесе одлука за...
1798.- По победата на битката кај пирамидите,...
1898.- Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден...
1940.- Во Литва, Летонија и Естонија е...