(ВИДЕО) Паника во Русија: Над 1000 повредени по метеорскиот дожд

Москва, 15 февруари 2013 (МИА) - Бројот на повредени од метеорскиот дожд во руската Чељабинската Област се искачи на илјада, од кои над 200 се деца, соопштија локалните власти.

Езерото Чебаркул, каде според првичните информации падна метеорот е обезбедувано од полицијата.

Метеорскиот дожд утрово беше забележан во пет руски региони - Тјуменски, Свердловски, Чељабински, Кургански и Башкортостански. Делови од метеорот беа најдени во три реони на Чељабинската Област.

Во меѓувреме, Сергеј Смирнов од руската опсерваторија „Пулково“ предупреди дека постои голема можност во следните неколку часа во атмосферата на Земјата да влезе нов метеор.

Хоспитализирани се 31 жител од кои 12 деца. Повредите се главно од искршените прозорци.

Тројца од хоспитализираните се во критична состојба. Случаи на повредени лица од метеорскиот дожд се регистрирани во шест град во Челјабинска област.
Засилени полициски патроли се грижат за редот во регионот, а се преземаат мерки да не се оштети имотот во зградите каде има искршени прозорски стакла.



Ударниот бран на метеорскиот дожд искрши стакла на прозорците во многу згради во Челјабинск и блиските градови. Фабриката за производство на цинк во Челјабинск соопшти дека под ударите на метеорскиот дожд се урнал дел од покривот на еден од нејзините погони, а руската пошта информира дека се регистрирани оштетувања на десетина нејзини експозитури во регионот.
Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба експерти на Министерството за вонредни состојби да отпатуваат во Челјабинска област со цел да направат проценка за нанесените штети и да им укажат помош на настраданите.

Околу 20.000 припадници на руските безбедносни сили се излезни на терен во Челјабинска област, каде се уште се трага по местото на кое паднало поголемо парче од небеското тело.

Некои руски медиуми јавија дека полицијата пронашла кратер на 80 километри од местото Сатка, но оваа информација потоа беше демантирана.

Експерти вршат и мерење на нивото на радијација во регионот и собираат остатоци од камењата кои паднаа од небото.

Очевидци на настанот изјавија дека слушнале експлозија и виделе интензивна светлина, а потоа го почувствувале ударниот бран на дождот од метеорски остатоци.

- Одев на работа со автомобил. Беше многу темно, но наеднаш стана светло како ден. Почувствував како да сум заслепен од автомобилските светала, изјави 36-годишниот жител на Екатеринбург, Виктор Прокофиев.

Во 9:20 минути по локално време се слушнал силен татнеж, кој наликувал на звук на експлозија. Ударниот бран бил почувствуван во станбените згради во центарот на градот.

- Стоев на автобуската станица, каде ја испраќав својата пријателка. Тогаш нешто светна и видов траги од чад на небото, а потоа го почувствува ударниот бран, од кој беа испокршени прозорците, изјави локален жител, кој се претстави како Андреј.

Првично беше соопштено дека над Урал се распрснал метеорит, што делумно изгорел во пониските атмосферски слоеви, а мали делчиња од него стигнале до површината на Земјата и паднале во слабо населени реони крај градот Сатка.

Подоцна, раководителот на локалната управа на руското Министерство за вонредни состојби во Челјабинската област, Јуриј Буренко изјави дека метеорскиот дожд е предизвикан од парчиња од астероид што утрoвo минал крај Земјата. Според Буренко, над Челјабинск, каде објектот прелетал со голема бризина, одекнале три татнежи.

Некои научници претпоставуваат дека е можно земјината гравитација да откинала одделни парчиња од астероидот 2012 ДА14, кој е со големина на олимписки базен за пливање и кој вечерва ќе дојде на најблиско растојание до Земјата од 27.520 километри.

Според американската вселенска агенција НАСА астероидот 2012 ДА14, со дијаметар од околу 46 метри, ќе мине покрај Земјата поблизу од кој било друг сличен ваков објект досега.

НАСА во моментов следи над 1.300 „потенцијално опасни астероиди“, чии орбити минуваат недалеку од Земјата. Штом се доближат до планетата, тие ја менуваат својата траекторија, привлечени од гравитацијата.
- Врз нив влијаат и други фактори, нивната температура примарно се зголемува или намалува според растојанието до Сонцето, изјави Едуард Бешер, астрофизичар од универзитетот во Аризона.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела овца по патот и кога сакала да помине низ една ограда се заглавила, Поминува тука некој Американец, ја гледа овцата и си вели:
"Ех, да беше ова Мерилин Монро." И си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на културната различност.
1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец...
1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ е убиен...
1527.- Роден е шпанскиот крал Филипе Втори, кој...