ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Државната изборна комисија денеска ги додели Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.



Уверенијата ги земаа овластените претставници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата предводена од СДСМ, oд Коалицијата Вреди, Левица и овластениот претставник од Знам. Од Коалицијата предводена од ДУИ не се појави овластен претставник да ги земе уверенијата за пратеници.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ по земањето на уверенијата од ДИК истакна оти смета дека до 28 мај да се формира Собранието, а до средина на јуни новата влада.

-Денеска по покана на ДИК ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија. Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност, рече Сајкоски, кој беше носител во ИЕ5.



Прашан што очекуваат од утрешното прегласување и како одговара на наводите од ДУИ дека се работи за еден изборен инженеринг за да се одземат два нивни мандати, Сајкоски истакна дека тоа фактички е трето гласање и оти веруваме дека уште повеќе ќе расте поддршката за ВМРО ДПМНЕ.

-Очекуваме дека ќе имаме уште еден пратеник од ИЕ5. Во врска со обвинувањата за изборен инежеринг, можам да укажам дека и ДИК, и претставниците наши овластени, и забелешките што ги дадоа, меѓутоа и Управниот суд укажаа дека има нерегуларности во гласањето во избирачките места, рече Сајкоски.

Тој додаде дека не очекува да има никакви проблеми во текот на гласањето и оти очекувам да се зголеми поддршката за ВМРО ДПМНЕ и за нивниот кандидат.

-Очекувам дека ќе имаме уште еден кандидат, уште еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5, рече Сајкоски.

Во име на СДСМ и Коалицијата уверенијата за пратеници ги подигна Бранко Георгиевски, а за Коалицијата Вреди Башким Асани.

Георгиевски, овластен претставник на Коалицијата за Европска Македонија предводена од СДСМ, само кусо им честиташе на сите учесници во изборниот процес и на сите граѓани на покажената зрелост, поаскувајќи успех во работата на идниот парламент.

Асани пак, упати благодарност до ДИК, и до сите сите граѓани кои учествуваа на овие избори, а им се заблагодари и на гласачите Албанци за, како што рече, досега освоените 13 мандати за пратеници.



Јована Мојсовска, овластен претставник од Левица по земањето на уверенијата за пратенички мандати истакна дека во наредниот мандат со трикратно поголеми сили ќе се спротивстават на, како што рече, естаблишментските партии во Парламентот.

Овластениот претставник на ЗНАМ Даниел Стојчевски откако ги зема уверенијата за пратеници истакна дека ДИК си ја завршила работата како што треба, иако како што рече, имало некои проблеми со уредите за идентификација со отпечатоци од прст.

-Тоа се надмина и се надевам дека веќе нема да има такви проблеми, рече Стојчевски.

Државната изборна комисија (ДИК) на 18 мај ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај годинава. Како што информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз основа на Донтов модел и со нив се опфатени пратениците влегуваат во Собранието. По прегласувањето, ДИК со посебен заклучок ќе ги објави дополнителниот број освоени мандати.

Во ИЕ 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати, коалицијата „За европска иднина“ - СДСМ три мандати, Левица два, коалицијата „Вреди“ два мандата, коалицијата „Европски фронт“ два мандата, додека Движењето ЗНАМ еден мандат. Во ИЕ 2, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои осум мандати, коалицијата „Европски фронт“ - ДУИ четири, коалицијата „Вреди“ три, ЗНАМ два, коалицијата „За европска иднина“ два и Левица еден мандат.

Во ИЕ 3, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 14 мандати, коалиција „За европска иднина“ четири, Левица еден и ЗНАМ еден мандат. Во ИЕ 4, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 13 мандати, коалиција „За европска иднина“ - СДСМ пет, Левица еден мандат и ЗНАМ еден мандат.

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места.

Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.

Државната изборна комисија го поништи гласањето на овие седум избирачки места, а одлуката беше потврдена и од страна на Управниот суд посочувајќи дека тужбите на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се неосновани. ДИК, исто така, ги смени и членовите на избирачките одбори во овие избирачки места.

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК, ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека доколку се променат резултатите од гласањето во овие седум избирачки места тие би добиле по уште еден мандат во Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...