Можен е нов удар од метеор

Москва, 15 февруари 2013 (МИА) - Сергеј Смирнов од руската опсерваторија „Пулково“ изјави дека постои голема можност во следните неколку часа во атмосферата на Земјата да влезе нов метеор, откако претходниот се распрсна и повреди повеќе од 1000 луѓе во Чељабинската Област.

Гувернерот на Чељабинската Област изјави дека спасувачките екипи откриле оти метеорот паднал во езерото во близина на градот Чебаркул иако научниците тврдат дека тој се распаднал.

- Објектот би можел да биде околу метар во пречник и тежок неколку тони. Кога влегол во атмосферата се распрснал и го продолжил патот создавајќи експлозивен бран и емитувајќи светлина. Тоа е причината за блесоците и како и искршените прозорци. Најверојатно неговата структура беше од железо, бидејќи толку далеку се проби низ атмосферата. Ние и натаму немаме точни податоци за деловите од метеорот, изјави Валери Шувалов од рускиот Институт за динамика.

Олег Малков аеронаутички научник од Московскиот државен универзитет истакна дека метеорот не е откриен во вселената најверојатно затоа што дошол од правец на Сонцето.

- Ни можеме да ги видиме само камењата кои доаѓаат од правецот на ноќното небо. Метеорскиот дожд на Урал не е  поврзан со астероидот 2012ДА14, кој ќе се приближи до Земјата во следните неколку часа.

Руската академија на науки процени дека метеорот бил тежок околу десет тони пред влегувањето во атмосферата на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...