Пронајдени делови од метеоритот

Москва, 18 февруари 2013 (МИА) - Руските научници денеска изјавија дека пронашле остатоци од метеоритот кој во петокот експлодира над Урал со интензитет на атомска бомба и од чии звучни експлозии оштетени се неколку илјади згради, а повредени се приближно 1.200 лица.

Метеоритот тежок околу 10 тони, влезе во атмосферата на Земјата со суперсонична брзина од најмалку 54.000 километри на час и се распадна на делови околу 30-50 километри над Чељабинската Област.

И покрај интензивната истрага на замрзнатото езеро Чебаркул, каде е забележана огромна дупка за која се претпоставуваше дека е предизвикана од падот на метеоритот, руските нуркачи не успеаја да пронајдат делови, но членовите на Руската академија на науките вчера изведоа хемиски тестови на необични камења за кои тврдат дека потекнуваат од вселената.

- Ние тврдиме дека делови од сусптанцата што ја пронајде нашата експедиција во близина на езерото Чебаркул имаат состав на метеорит, изјави членот на Руската академија на науките Виктор Грокховски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...