Измет во чоколадите на „Икеа“

Гетеборг, 5 март 2013 (МИА) - Кинески здравствени власти конфискуваа и уништија околу два тона чоколадо на „Икеа“, што Кина го увезла од Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Чоколадите во трговските центри на шведскиот гигант за мебел „Икеа“ во Кина содржеле високо ниво на цревни бактерии од измет.

- Чоколадото го купуваме од еден набавувач, при што е важно да се направат контроли дека квалитетот е добар, изјави Илва Магнусон, одговорна во „Икеа“ за контакти со медиуми.

Споменатите чоколади биле еден од вкупно 247 продукти од разни производители кои истовремено биле стопирани од страна на кинеските власти, јавија шведски медиуми, пренесувајќи ги податоците објавени во весникот „Шангај дејли“.

Во „Икеа“ е отворена истрага со цел да се утврди каде е произведено спорното чоколадо.

„Икеа“ неодамна ги повлече ќофтињата произведени во Шведска, а кои се продаваат во нејзините ресторани во трговските центри во Европа, откако беше откриено дека содржат коњско месо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1542.- Папата Павле Втори донесе одлука за...
1798.- По победата на битката кај пирамидите,...
1898.- Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден...
1940.- Во Литва, Летонија и Естонија е...