Во Ватикан почнува конклавата за избор на нов папа

Ватикан, 12 март 2013 (МИА) - Во Ватикан денеска почнува конквала за избор на нов папа. На латински con clave значи „под клуч“ и ја означува традицијата на заклучување на кардиналите, се додека не го изберат новиот папа.

Сто и петнаесет кардинали на возраст до 80 години имаат право да го изберат новиот папа. Шеесет и девет од нив за прв пат учествуваат на конклавата. Според уредбите на досегашниот папа Бенедикт Шестнаесетти папата се бира со мнозинство од две третини од кардиналите-избирачи.

Од 1878 година конклавите се одржуваат во познатата Сикстинска капела. За време на конклавата кардиналите немаат пристап до Интернет и до социјалните мрежи, не можат да слушаат радио, да читаат весници и да гледаат телевизија. Тие ќе престојуваат во резиденцијата „Света Марта“ во Ватикан. 

Утрото пред конклавата кардиналите учествуваат на миса во базиликата „Свети Петар“, наречена Про елигендо романо Понтифице (за избор на римскиот папа). Мисата ќе ја отслужи кардиналот Анџело Содано, доајен во кардиналскиот колегиум. Конквалата почнува во 15:30 часот според Гринич и трае до 18:15 часот и потоа се отслужува вечерна миса. Доколку во првиот ден папата не биде избран, следните два дена кардиналите се собираат уште рано наутро и гласаат по два пати во текот утрата и два пати попладне. 

При гласањето кардиналите го пополнуваат името на кандидатот за кого се определиле на ливче, на кое е отпечатено Елиго ин Сумум Понтифицем (избирам за суверен папа) и потоа го стават во гласачаката кутија. Има три гласачки кутии, во првата се ставаат гласачите ливчиња, во втората се чуваат по пребројувањето, а третата се користи за олеснување на гласањето на болни и изменоштени кардинали, кои останале во хотелот.

Доколку по пребројувањето на гласачките ливчиња се утврди дека папата не е избран, следува втор круг и тогаш ливчињата од двата круга се горат заедно. Доколку по три дена се уште не е избран папа, гласањето привремено се прекинува и кардиналите заминуваат на молитви, а потоа почнува нова серија на гласање. 

Аналитичарите прогозираат куса конквала. Од 1903 година ниту една од конклавите не траела повеќе од пет дена. Бенедикт Шестнаесетти беше избран во 2005 година по четири гласања. 

Чадот, кој се издигнува од оџакот над Сикстинската капела е единствениот индикатор за текот на гласањето. Црниот чад означува дека папата не е избран, а белиот сигнализира дека има нов поглавар на Римокатоличката црква. 

Пет илјади и тристотините новинари, кои се акредитирани во Ватикан, чадот го се очекуват два пати во денот. Денеска, кога има само едно гласање, тој се очекува околу 18 часот според Гринич. од утре кога се гласа четири пати, чадот се очекува околу 11 часот по Гринич и 18 часот.

По изборот на папата му се поставуваат прашањата - дали ја прифаќа мисијата и кое име го избира. Теоретски секој католик може да биде избран за папа, но од 14. век сепак тој се избира од редовите на кардиналите.

Откако Бенединт Шестнаесетти објави во февруари дека се повлекува од функцијата во различни медиуми се објавуваа имињата на над 30 кардинали, како потенцијални папи. 

Фаворити меѓу нив се надбискупот од Милано Анџело Скола, надбискупот на Сао Паоло Одило Шерар, кардиналот на Квебек Марк Веле, надбискупот на Бостон Шон О’Малеј, надбискупот на Њујорк Томито Долан, унгарскиот кардинал Петар Ердо, Австриецот Кристоф Шонборд и Мексиканецот Роблес Ортега. Првите тројца од оваа листа се сметаат за фаворити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...