Втор ден од Конклавата за избор на нов папа

Ватикан, 13 март 2013 (МИА) - Кардиналите на Римо-католичката црква денеска ќе ја продолжат Конкалавата со нов круг на гласање за избор на наследник на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој абдицираше на 28 февруари.

Претпладнево е предвидено одржување на два круга на гласање и доколку по нив не биде избран нов папа, кардиналите ќе гласаат уште двапати попладнево. Доколку ни по денешните четири гласања Католичката црква не добие нов поглавар, утре ќе се одржат нови четири гласања по истиот распоред.

Вчера по првото гласање од оџакот на Сикстинската капела, во која се одржува Конклавата, излезе црн чад од запалените гласачки ливчиња, што значеше дека при тоа изјаснување на 115-те кардинали не е избран нов папа. Кога еден од кардиналите ќе добие двотретинско мнозинство или 77 гласови, што е услов за да стане нов понтиф, од оџакот ќе биде пуштен бел чад и ќе се огласат камбаните на базиликата „Свети Петар“.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди вчера изјави дека очекува оваа Папска конклава да трае најмногу четири дена, додека њујоршкиот надбискуп Тимоти Долан изјави се смета оти новиот папа ќе биде избран утре.

Италијанските и германските медиуми шпекулираат дека новиот папа сигурно ќе биде од Европа и како главен фаворит го посочуваат миланскиот бискуп Анџело Скола, кој важи за близок соработник на досегашниот понтиф.

Покрај Скола, како сериозни кандидати за нов поглавар на Католичката црква медиумите ги споменуваат и Австриецот Кристофер Шонборн и Унгарецот Петер Ердо.

Доколку, Скола навистина биде избран, тој ќе биде првиот папа Италијанец по 35 години, а доколку пак, новиот понтиф не биде Европеец, тој ќе биде прв поглавар на Католичката црква што не потекнува од стариот континент по речиси 1300 години.

Сепак, според анкета на италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, најголем број испитаници како фаворит за нов папа го посочиле бостонскиот надбискуп, кардиналот Шон О’Мајли.

За О’Мајли се изјасниле 38,7 отсто од анкетираните, а веднаш зад него се миланскиот надбискуп Скола со 16,2 проценти и архиепископот од Манила, Луис Антонио Тагле со 13 отсто.

Според анкета пак на „Стампа“, главен фаворит за нов папа е Скола со 34 отсто, пред њујоршкиот надбискуп Долан со 10,6 проценти, Канаѓанецот Марк Веле со 9,3 отсто, надбискупот од Сао Паоло, Одиљо Шерер со 8,7 и кардиналот О’Мајли со 7,9 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...