На вториот ден од конклавата, 115 кардинали го избраа новиот папа.
|
Хорхе Марио Вергољо - Фрањо I | |
Неколку минути по 19 часот од оџакот на Систинската капела излезе бел дим со кој се објавува дека е избран поглаварот на Католичката црква.
Засега сеуште не се знае кој е новиот папа, но за некое време со традиционалната порака Habemeus papam ќе биде објавено името на новиот папа од балконот на Базиликата на плоштадот Свети Петар.
Францускиот кардинал со зборовите Annuntio
vobis gaudium magnum: Habemus Papam (Ви објавувам голема радост Имаме Папа) ќе го соопшти името на новиот папа.
Кардиналите сега му се заколнуваат на верност на новоизбраниот папа кој по облекувањето на папската облека и официјално пред верниците ќе ја преземе должноста.
За нов папа е избран аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Вергољо кој за папско име го зема Фрањо.