Демонстрантите во Киев отворија оган кон полицијата

Киев, 21 февруари 2014 (МИА) - Украински демонстранти отворија оган врз полицајци во Киев, кои се наоѓаат на просторот меѓу плоштадот „Независност“ и Парламентот.

- Учесниците во масовните немири пукаа врз припадници на полицијата и се обидоа да се пробијат до зградата на Парламентот, соопшти полицијата.

Во соопштението не е прецизирано дали полицијата возвратила на нападот.

Во меѓувреме опозицискиот лидер Арсениј Јацењук нагласи дека вооружени полицајци влегле во зградата на Парламентот.

Министерството за внатрешни работи соопшти и дека непознати лица ја опожариле канцеларијата на владејачката Партија на регионите во Днепропетровск.

Седницата на украинскиот Парламент беше прекината еден час по предлог на Јацењук. Тоа е направено со цел да се согласат за нацрт-законот за враќање на Уставот од 2004 година.

Во моментот, пратениците се во пленарната сала во Парламентот, јави Украинската телевизија.

Со таа реформа ќе бидат ограничени надлежностите на претседателот на сметка на Парламентот.

Претходно претседателот на парламентот Володимир Рибак објави прекин на работата до 16 часот по локално време, но опозициски пратеници го попречија да се симне од говорницата.

Во меѓувреме полското Министерство за надворешни работи соопшти дека преговорите во Украина за излез од кризата на кои учествуваат полскиот и германскиот министер за надворешни работи ќе продолжат напладне во 12 часот по локално време.

Според претходните информации на украинската телевизија на средбата која траеше до рано изутринава договорено е одржување предвремени претседателски избори, коалициска влада и уставни реформи.

Министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко изјави дека билансот на загинатите во Киев од вторникот до денеска достигнал 80 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...