Петмина загинати при акција на украинските сили во Славјанск

Киев, 24 април 2014 (МИА) - Петмина проруски сепаратисти загинаа, а еден украински војник е ранет денеска при акција на припадници на Вооружените сили на Украина за враќање на контролата врз градот Славјанск во источниот дел на земјата, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле три контролни пункта на сепаратистичките паравоени групи во североисточниот дел на Славјанск.

Портпаролката на локалните проруски паравоени „сили за самоодбрана“, Стела Хорошева, пак, соопшти дека при судирите загинале најмалку двајца нивни борци.

Западните медиуми претходно јавија дека оклопни возила на украинската Армија денеска навлегле во Славјанск, кој важи за главно упориште на проруските сепаратисти во источна Украина.

ИТАР-ТАСС информира дека украинските војници со пет оклопни возила, потпомогнати од два хеликоптера, се пробиле на 10 километри од центарот на Славјанск.

Телевизијата „Росија 24 јави дека проруските сепаратисти подготвуваат „оклопна техника“ и дека на барикадите во Славјанск се распоредуваа снајперисти.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов го повика своите сограѓани да останат во нивните домови.

Локалните медиуми јавуваат дека на проруските силите во Славјанск на помош им дошле доброволци од соседниот град Красниј Лиман.

Утрово украински војници во маскирни униформи со ознаки на десантните единици со шест оклопни возила БМД-3, се распоредија на 12 километри од Славјанск, во селото Малиновка што се наоѓа на главниот пат кон Доњецк. Војниците поставија контролен пункт на патот и ги проверуваат возилата кои се движат од и кон Славјанск.

Украинската Влада најави дека по завршувањето на велигденските празници ќе ја возобнови „антитерористичката операција“, чија цел е да ги врати под контрола градовите во источниот дел на земјата со кои сега раководат локалните проруски сепаратисти.

Две лица загина минатата ноќ кога засега непознати напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск во источниот дел на Украина.

- Секоја ноќ на некој од нашите пунктови се случува некаков инцидент. Овој пат, членови на силите за самоодбрана пришле кон вооружените лица кои минувале и им побарале лични карти. Тие на тоа возвратиле со отворање оган, соопшти утрово Хорошева.

Таа нагласи дека во тек е истрага со цел да се утврди кој стои зад нападот.

Украинските власти соопштија дека нивните сили синоќа одбиле напад врз базата во Артемивск, град што се наоѓа меѓу Доњецк и Славјанск. При нападот е ранет еден украински војник, кој се наоѓа вон животна опасност.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот профил на Фејсбук денеска објави дека нападот го извршиле „околу 70 лица предводени од руски војници“.

Украинското Министерство за одбрана пак соопшти дека нападот го извршиле „близу сто напаѓачи со автомати, пушко-митралези и бомби“. – Напаѓачите беа одбиени и претрпеа значителни загуби, се додава во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...