Изјавите за поделба на Украина погрешно протолкувани

Варшава, 21 октомври 2014 (МИА) - Поранешниот министер за надворешни работи на Полска и претседател на Парламентот, Радослав Сикорски изјави денеска дека неговите зборови од интервјуто дадено за едно американско интернет издание, за наводниот предлог на Русија за поделба на Украина е погрешно протолкувана.

Во интервјуто за сајтот „Ју-Ес Политко“, Сикорски е цитиран дека изјавил оти рускиот претседател Владимир Путин во 2008 година, кога премиер на Полска беше Доналд Туск, ја предложил можноста за поделба на Украина.

- Разговорот за „Ју-Ес Политико“ не беше авторизиран. Некои од моите зборови се погрешно протолкувани, напиша Сикорски на својот налог на Твитер.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков го отфрли како „бесмислен написот, објавен во американскиот сајт“.

- Прво многу добро не ја познавам дејноста на тој медиум. Во целина таа информација е слична на бесмислица, изјави Песков.

Во написот, објавен на 19 октомври, Сикорски е цитиран како вели дека рускиот претседател ја нарекол Украина вештачка држава и оти градот Лвов, во западна Украина е всушност полски град и предложил заеднички да ја поделат.

Сикорски изјавил дека Туск за среќа не одговорил на тоа прашање, бидејќи знаел дека го снимаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...