Киев, 17 март 2015 (МИА) - Тројца украински војници загинаа, а петмина се повредени во последните 24 часа во Источна Украина, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко.

Во меѓувреме, проруските сепаратисти од така наречената Доњецка народна република соопштија дека силите на Киев 19 пати го прекршиле примирјето во последното деноноќие. Тие тврдат дека цели на украинската армија биле селото Спартак и аеродромот во Доњецк. Нема информации за настрадани цивили, но оштетени се домовите на цивилите.
Началникот на штабот на Народната милиција во Луганската народна република Сергеј Козлов ја обвини украинската армија дека не ги го почитува Договорот од Минск и не повлекла една петтина од тешкото оружје од линијата на фронтот.