Зошто лекарите не ја пријавиле болеста на Лубиц

Берлин, 29 Март 2015 (МИА) - Германските закони за доверливост му помогнале на осомничениот пилот за трагедијата на летот Барселона да ја скрие својата ментална болест и проблемите со видот пред неговите претпоставени, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во Германија сите лекари вклучително и психијатрите и психолозите имаат законска обврска да не ги откриваат наодите кај своите пациенти дури кога се работи и за психички болести, како во случајот со пилотот Лубиц.

Во Германија за разлика од други земји во ЕУ како на пример во Велика Британија нема централна датабаза на податоци со досиеја за прегледаните пациенти.

- Тоа значи дека лекарите не се во можност да добијат податоци за прегледи направени кај други лекари вели д-р Уве Бајдервелен, потпретседател на германската асоцијација на аеромедицински лекари, тело кое што е одговорно за администрација на медицинските тестови за пилотите.

Според оваа институција одговорноста за тоа дали наодите на лекарите кои што ги ја утврдуваат здравствената состојба на летачкиот екипаж ќе стигне до авиокомпаниите лежи исклучиво на пилотите кои што треба да ги пренесат медицинските информации до своите претпоставени. Лубиц ја искористил својата шанса да ги скрие лекарските наоди според кои тој имал сериозни психолошки проблеми како и проблеми со видот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...