Лубиц ја најавил трагедијата пред поранешната девојка

Цел свет ќе зборува за мене

Берлин, 28 Март 2015 (МИА) - Пилотот осмоничен дека намерно го урна авионот на летот Барсеона – Дизелдорф и рекол на поранешната девојка дека е под психијатриски третман и дека планирал спектакуларен чекор, со цел свет ќе го запомни, јави дописникот на МИА од Берлин.

Германскиот весник „Билд“ објавува денеска интервју со жена која што тврди дека минатата година била во врска со Андреас Лубиц.

Во интервјуто неименуваната 26-годишна струјардеса изјавила дека кога слушнала за несреќата се потсетила на една реченица која што Лубиц постојано ја повторувал додека биле во врска.

- Еден ден ќе направам нешто ќе го промени системот и сите ќе го запомнат моето име и повтроувал Лубиц на поранешната девојка, која што во интервјуто за „Билд“ истакна  дека тогаш не знаела што значи тоа што сега станало очигледно.

Според неа Лубиц ја предизвикал несреќата поради неговите здравствени проблеми и поради тоа што пропаднале неговите соништа да биде пилот на „Луфтханса“ на долги релации.

Лубиц со неа не зборувал за неговата болест туку само споменал дека има психолошки проблеми.

Поранешната блиска пријателка која „Билд“ ја именува како Марија В. во интервјуто вели дека секогаш кога зборувале за работата тој бил вознемирен и станвал друга личност. Се плашел дека ќе ја загуби работата, му недостасувале пари и не можел соодветно да се соочи со притисокот.

Марија В. посочи дека таа не сакала да биде во јавна врска со колега од иста компанија и затоа врската била држена во тајност.

„Луфтханса“ одби да ги коментира наводите од интервјуто дадено за најтиражниот германски весник „Билд“ од страна на поранешната блиска пријателка на Лубиц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...