Во Шпанија запленети 1,1 тон кокаин

Белград, 21 мај 2015 (МИА) - Во заедничка акција на српската, шпанската и хрватската полиција, запленети се 1,1 тон кокаин, што е една од најголемите заплени на оваа дрога во последните неколку години, изјави денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

- На јахтата „Амстердамер“, во шпанските територијални води, во специјално направени бункери се пронајдени 1,1 тон кокаин, што бил превезуван од Јужна Америка за Западна Европа, објасни Стефановиќ и додаде дека во акцијата се уапсени три лица, од кои еден е српски државјанин и двајца се државјани на Хрватска, заради постоење на основано сомнение дека на јахтата криумчареле кокаин.

Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 44 милони евра, соопшти српското МВР и истакна дека во рамки на акцијата, истиот ден во Валенсија се уапсени повеќе лица припадници на оваа криминална група.

Стефановиќ истакна дека тоа била една од најголемите заеднички акции на трите полиции што била насочена кон спречување на шверцот на големи количества дрога, што од Јужна Америка се префрла во Европа.

Запленетиот кокаин е со  исклучително високо квалитет и чистота, се наведува во соопштението и се додава дека сите активности на српската полиција се преземени во координација и соработка со Обвинителството за организиран криминал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...