ВМРО-ДПМНЕ: Имотот на сите наши функционери е јавно објавен и пријавен

Скопје, 31 мај 2015 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, на која тој објави нови прислушувани разговори што се однесуваат на наводно купување станови.

- Денешниов прес е само начин да се отргне вниманието од вистинските скандали на раководството на СДСМ кои се документирани и поткрепени и за кои постојат сериозни основи за недоследност и противправност. Не може Шилегов, кој само пред дваесет дена, навредуваше храбри полицајци во Куманово, кој лично одлучувал за стотици тендери на владата на СДСМ, кој вели дека има милион евра, да ја замајува јавноста и да не го бара клучниот одговор, а тоа е како ти Заев направи богатство од 25 милиони евра. Од кај ви се парите да купувате луксузни викендици во Грција на прва линија на море во вредност од стотици илјади евра, како Шекеринска има 5 стана која сама на себе ги издава и како секој ден во шаторите доаѓате со возен парк од џипови, поршиња, корвети, мерцедеси и друг луксуз од над 2 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Целокупниот имот на сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, се додава, е јавно објавен на транспарентен начин и доследно пријавен во надлежните институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...