Јолевски ќе учествува на Глобалниот форум „Вроцлав 2015“

Вроцлав,  12 јуни 2015 (МИА)  - Македонскиот министер за одбрана  Зоран Јолевски ќе учествува на „Глобалниот форум во Вроцлав 2015“, што денеска и утре се одржува во Вроцлав, Полска.

Најавено е обраќање и дискусија на Јолевски на панелот посветен на „Патот кон Европа“. На панелот модериран од Марцин Заборовски, директор на Полскиот институт за меѓународни работи ќе се обратат и министрите за надворешни работи на Грузија и на Молдавија.

На Глобалниот форум ќе учествуваат  и претседателот на Полска, Бронислав Коморовски, министерот за национална одбрана на Полска, Томаш Шимоњак, министерот за надворешни работи Грегорж Шчетина и многу други.

Министерот Јолевски на маргините на форумот ќе оствари повеќе средби меѓу кои и со неговиот полски колега Шимоњак, како и американската сенаторка Џеан Шахин.

Глобалниот форум во Полска обединува највисоки претставници на земјите од Европа и светот со цел дискусија за значајни прашања како процесите за интеграција во евроатлантските структури, геополитичките поместувања и предизвици,  енергетските прашања од аспект на безбедноста,  економијата и климатските промени,  одбраната и технологијата во време на хибридни воени предизвици и слично. На форумот ќе стане збор и за трансатлантската одбрана помеѓу два самита на НАТО – самитот во Велс и идниот самит во Варшава, следната година, соопшти македонското Министерство за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...