Во среда и четврток до 40 степени

Скопје, 6 јули 2015 (МИА) - Македонија во следните неколку денови ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса што ќе предизвика позначителен пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во среда и четврток, кога во југоисточните делови се очекуваат и до 40 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд и грмежи. Во петок ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и умерен северен ветер што ќе ги намали дневните температури за три до четири степени.

Од сабота повторно ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.

Времето денеска е претежно сончево и топло со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура е во интервал од 29 до 36 степени.

Биометеоролошките услови се лоши. Како што информира УХМР, во пладневните часови кај поголемиот број луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и вратот. Вечер е можна општа слабост, а кај некои и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките од ревматски карактер, но и оние од артритични промени, ќе бидат поизразени. 

Слично ќе биде и утре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...