Постигнат е договор за излез од политичката криза

Предвремени избори на 24 април со преодна влада

Лидерите на четирите политички партии со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по повеќечасовни преговори постигнаа договор за излез од политичката криза во државата.

- Можам да ви кажам дека постигнавме договор потпишан од лидерите на најголемите четири партии и задоволен сум од постигнатото, изјави Хан по средбата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Хан нагласи дека лидерите се согласиле за предвремени парламентарни избори и оти фокусот понатаму ќе биде на имплементација на извештајот на Прибе и на останатите препораки на Европската комисија.

Непосредно по завршувањето на средбата премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ дадоа свој став за постигнатиот договор.

- Политичката криза во Македонија е решена, европските перспективи на Република Македонија остануваат отворени, а економијата се ослободува од наметнатите стеги од политичката криза и ќе продолжи да расте, што значи нови работни места и нови инвестиции, изјави Груевски, заблагодарувајќи се на сите кои помогнале во целиот процес, пред се на претставниците на ЕУ, на САД, тројцата европратеници и особено комесарот Хан.

Премиерот Груевски појасни дека согласно постигнатиот договор, како системско решение отсега па за сите наредни парламентарни избори 100 дена пред сите парламентарни избори Владата ќе се повлече и ќе се формира Влада за спроведување на изборите. Во нашиот случај, посочи, ова ќе значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира привремен премиер за периодот од 100 дена почнувајќи од 15 јануари 2016 година до изборите кои ќе се одржат на 24 април 2016 година.

-За да неможе некој да има алиби и изговори за резултати од изборите се согласивме почнувајќи од 20 октомрви, па до изборите СДСМ во претходна консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да даде предлог за технички министер за внатрешни работи што значи личност која на никој начин не се поврзува со ниту една политичка партија, додаде тој.

Според договорот освен во МВР, СДСМ ќе предложи и министер за труд и социјална политика. Во министерствата за финансии, земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество, ќе бидат назначени заменици-министри со право на вето.

Лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев изрази задоволство од постигнатиот договор на лидерската средба и рече дека со денешниот договор се потврдило се што неговата партија и коалициските партнери го посочиле во проектот „Вистината за Македонија“.

На 15 септември е предвидено да биде и избран специјален обвинител кој ќе биде задолжен да спроведе истрага за содржините, доказите и аргументите од прислушуваните телефонски разговори.

-Новиот јавен обвинител со целосни автономни овластувања ќе ги добие материјалите каде што на транспарентен начин треба да бидат процесуирани, паралелно преку собраниските комисии, исто така нивната содржина ќе биде достапна до јавноста. Најважно од се е што ќе има правна последица по сите докази и аргументи, рече Заев.

Опозицијата на почетокот на септември ќе се врати во Собранието и како што кажа, активно ќе учествува во целосно спроведување на сите сегменти од постигнатиот договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...