Пронајдена жената по која трагаше охридската полиција

Охрид, 29 јули 2015 (МИА) – Полицијата ја пронајде исчезнатата жена по која трагаше изминатите 12 часа, откако беше пријавено нејзино исчезнување. Патрола на Езерската полиција при СВР Охрид околу 10 часот ја пронашла жената, чие исчезнување беше пријавено рано утрината околу 1 часот.

- Лицето е пронајдено во езерскиот квадрант 53 на околу еден километар во водите на Охридското Езро над комплексот „Инекс“. Патролата на езерската полиција го забележа женското лице во водите на езерото, пристапи и веднаш е започнато со процес на нејзино пренесување во патролниот чамец. Во меѓувреме е известена и дошла на лице место екипата на Брза помош до просториите на Езерска полиција и веднаш ова лице е предадено во надлежност  на медицинските лица. Во текот на денешниот ден СВР Охрид  ќе обави разговор со ова лице за околностите коишто претхопделе на овој немил настан, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според полициските службеници, жената била во прилично добра здравствена состојба, во контактибилна состојба и во непосреден разговор се добиени одредени првични информации, но останува во текот на денот да бидат дополнети разговорите со ова лице и да се добијат повеќе информации за се она што се случувало изминатите неколку часа.

-  Ова е прва интервенција на Езерската полиција од ваков вид која инаку е задолжена за  спроведување активностио насочени кон заштита на езерската граница и физичка заштита на рибниот фонд во езерото, согласно Законот за аквакултура, истакна Димоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...