Наградата „Струшко изгрејсонце“ за Васил Тоциновски

Скопје, 17 август 2015 (МИА) - Авторот Васил Тоциновски за книгата „Победници“ е добитник на традиционаланата награда Струшко изгрејсонце, која се доделува за книга за деца и млади од македсонски автор.

Книгата ја издаде Хрватското книжевно друштво од Риека и Академски печат од Скопје, а содржи 38 куси раскази за деца кои со своите теми и мотиви ја опфаќаат возраста од градинка до завршување на основното образование.

- Почнуваат со учењето на јазикот и писмото и завршуваат со првите симпатии и љубови. Исполнети се со лиричност за децата и детството и се следи катадневието на малиот човек. Авторот него го има за рамноправен соговорник со кого се разговара и се донесуваат одлуки за односите во домот и семејството, за пријателството, за добрината и довербата. Со еден збор: приказните се напишани за децата Победници, зашто и кога се расне и старее  - детето таинствено живее во секој човек, се наведува за изданието.

Наградата Струшко изгрејсонце ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

Досегашни добитници на наградата се писателите: Киро Донев, Панде Манојлов,  Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски и Трајче Кацаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...