САД и ЕУ упатија честитки за договорот за специјалниот обвинител

САД денеска упатија честитки до политичките партии за договорот за специјалниот обвинител и за именувањето на Катица Јанева на оваа функција.

Им честитаме на партиите за договорот што го постигнаа денеска за воведување на јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и за именување на Катица Јанева на оваа функција. Ова назначување претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност. Соединетите Држави, заедно со нашите европски партнери, остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат на целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија, соопшти попладнево Американската амбасада.ЕК го поздрави договорот за специјален јавен обвинител

Европската унија денеска го поздрави договорот што по три дена преговори беше постигнат меѓу главните политички партии во Република Македонија за донесување Закон за избор на Специјален обвинител што ќе се справи со случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

ЕК го поздрави договорот за специјален јавен обвинител

Европската унија денеска го поздрави договорот што по три дена преговори беше постигнат меѓу главните политички партии во Република Македонија за донесување Закон за избор на Специјален обвинител што ќе се справи со случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Како што пренесе МИА, откако гевгелиската обвинителка Катица Јанева беше утринава договорена да го предводи тимот на обвинители што ќе работи на случаите, а попладнево се очекува да биде избрана и од македонското Собрание, официјален Брисел се огласи со задоволство што оваа точка што е дел од Договорот за решавање на политичката криза во Македонија, постигнат на 2 јуни и 15 јули, е конечно решена. Ние го поздравуваме договорот што беше постигнат од политичките партии утринава во Скопје за избор на Специјален обвинител, што, како што знаете е важен елемент од политичкиот договор што беше олеснет од комесарот Хан и неколку европратеници во јуни и јули. Очекуваме усвојување на релевантен закон во Парламентот и очекуваме декаСпецијалниот обвинител ќе ја добие целата потребна поддршка за да ја исполни важната задача што ја има, посочи Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија.

Јоханес Хан доаѓа во петок

На прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дали е сега се чисто за комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан да дојде в петок во Скопје и Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) да продолжи меѓу Комисијата и Република Македонија, неговата гласноговорничка со потврда: Како што веќе кажав минатата недела, да, комесарот планира да патува во Скопје и ќе биде таму на 18-ти септември, овој петок и очекуваме за време на неговата посета, ХЛАД-от да се случи, децидна е Коцијанчич.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...