Жерновски и Заев против изградба на улица на Кејот и на Шпански скали

Скопје, 6 октомври 2015 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски најави дека денеска на седница на Советот на Општината ќе биде донесена одлука со која ќе се забрани градба на кејот „13-ти Ноември“, а која ќе ги опфати изградбата на улица и на шпански скали на тој потег.



- Ќе донесеме забрана за градба на овој потег, кој ја опфаќа и улицата на Кејот, но одлуката ќе ја опфати и изградбата на Шпанските скали, а не само на оваа небулозна улица. Нема да дозволиме и изградба на Шпански скали. Ја повикуваме власта да се откаже од изградбата на вакви градби, во спротивно ќе изгласаме забрана на истите, рече Жерновски, на заедничка прес-конференција со претседателот на СДСМ Зоран Заев. 

Жерновски истакна дека одлуката на опозицијата не е политичка и наведе дека  две недели до назначувањето на нови министри има офанзива на нови градби од проектот „Скопје 2014“.

Според претседателот на СДСМ Зоран Заев, центарот на Скопје станува се попроблематично место на живеење.

- За проектот „Скопје 2014“ нема анкета и граѓаните не се прашани за инвестицијата од 600 милиони евра. Сообраќајниот метеж, со ова, бидејќи нема инфраструктурна поставеност, дополнително се комплицира, рече Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...