Младите од Крива Паланка со проекти ја освојуваат Европа

Крива Паланка, 7 октомври 2015, (МИА) - Од утре до десетти октомври десетина млади од Крива Паланка ќе ја претставуват Македонија во Бреша, Италија на настан во рамки на проектот DOCPIE на Здружението Граѓански Центар за оддржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка, успешно освојувајќи ја Европа со иницијативите од проектот-информира Антонио Давитковски, од „ЕГРИ“.
 
- Претстојните три дена младите од здружението Граѓански Центар за оддржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка ќе бидат активен партиципант на петтиот по ред работен настан од DOCPIE насловен како Подигнување  на свесноста за Европскиот идентитет кај лицата во трето доба од животот. Настанот е дел од проектот „Демократска одговорност и граѓанска партиципација во Европа“ (DOCPIE ), што се имплементира во партнерство на уште 14 други организации од 12 европски држави,Словенија, Романија, Грција, Бугарија, Унгарија, Германија, Полска, Словачка, Италија, Србија, Албанија и Македонија, рече Давитковски.
 
„ЕГРИ“ е партнер во проектот чиј носител е „Друштвото за рурален развој“-ЛАС од Словенија.
 
- На тридневните работилнции покрај за европскиот идентитет на лицата од третото доба ќе се говори и за стареењето на населението во Европската унија, здравје и животен стил на лицата од третото доба и планирање на урбаната средина за адаптирање на овие лица, додаде Давитковски.
 
Во рамки на  проектот „Демократска одговорност и граѓанска партиципација во Европа“(DOCPIE) измината година беа организирани уште четири настани , работна конференција  во Будимпешта,Унгарија, „Волонтерска академија“ во  Дрезден,Германија, работилници на тема „Развој на градовите и регионите преку граѓанска партиципација во рамки на ЕУ“ во Серес, Грција и  „Универзитет Отворено Општество“ во Љубљана, Словенија.
 
Проектот се имплементира во рамки на Програмата Европа за граѓаните финансирана од Европската извршна Агенција за култура, образование и аудиовизуелизација со седиште во Брисел и истиот е со времетраење од јануари до октомври 2015.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Тато, да не спиеш?
- Не! Кажи што сакаш.
- Дај ми 200 денари за во град,
- Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...